Посета на Ректорот од Белградскиот универзитет на ФТУ

Посета на Ректорот од Белградскиот универзитет на ФТУ

На 29.02.2020 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беше делегација од Белградскиот Универзитет во придружба на ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Проф д-р Сашо Коруновски и проректорот Проф. д-р Марјан Ѓуровски. На состанокот беше договорена натамошна соработка со колеги од Институтот за Географија во рамки на Белградскиот Универзитет каде има студиска програма Туризам. Ректорот Проф. д-р Иванка Поповиќ и проректорот Проф. д-р Ненад Зрниќ се запознаа со можностите за соработка што ги нуди нашиот факултет, а посетата ја искористија и за разглед на градот.