Проф. д-р Сашо Коруновски реизбран за ректор на УКЛО

Проф. д-р Сашо Коруновски реизбран за ректор на УКЛО

Со тајно гласање, денеска, проф. д-р Сашо Коруновски, редовен професор на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид,  избран е за ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола – УКЛО, со мандат од три години, информира универзитетот. Тој ја обавуваше оваа функција и во изминатиот четиригодишен период.

УКЛО е првиот универзитет во нашата држава којшто реализираше избор на ректор во согласност со новиот Закон за високо образование на непосредни, тајни избори. Своето право на глас го искористиle безмалку сите 270 редовни професори – членови на наставно-научните, научните и наставничките совети на единиците на УКЛО.

Коруноски освоил 136 гласови односно 19,563 поени, наспроти неговиот противкандидат проф. д-р Тале Герамитчиоски којшто освои 111 гласови односно 14,437 поени.

Новиот мандат на ректорот Коруновски започнува на 1 октомври 2019 година.