Проф. Климе Попоски е избран за Ментор на Израелскиот Insurtech Accelerator

Проф. Климе Попоски е избран за Ментор на Израелскиот Insurtech Accelerator

Проф. Климе Попоски е избран за Ментор на Израелскиот Insurtech Accelerator. Израел е рангирана на прво место како светска startup нација, каде процесите на примена на напредни технологии претставуваат движеча сила на нивната економија. Врз основа на Bloomberg Innovation Index, Израел е рангиран на 5-то место, додека според интензитетот на „истражување и развој“ е рангирана на прво место на глобално ниво. Овие високи нивоа на рангирање се резултат и на израелскиот „Insurtech eco system“, кој е еден од водечките светски најразвиени еко системи, благодарение на големиот број на “Insurtech startups”.
Со цел понатамошен раст и развој на израелските иншуртек компании формиран е акцелератор кој ќе им овозможи поголема глобална експанзија. Поради тоа причина формиран е ростер на ментори од редот на реномирани светски познати експерти од разни области на осигурувањето. Проф. Климе Попоски е селектиран како ментор поради неговата експертиза и истражувачка работа од областа на глобалните стандарди за регулација на осигурителната индустрија.
Повеќе информации на линкот: (itiaccelerator.com/).