Професорот Климе Попоски имаше интервју со водечкото специјализирано списание од областа на осигурување *Versicherungsrundschau,* на тема осигурување на ризици од земјотреси со посебен осврт на регионот на Југоисточна Европа.
Списанието го публикува Австриската Асоцијацијата на Осигурители (www.vvo.at), која претставува најстарата професионална асоцијација на осигурителни компании во Европа, формирано во 1899 година и една од основачите на Европската Федерација на Осигурителни Асоцијации. Мисијата на Австриската Асоцијацијата на Осигурители претставува промоција на осигурувањето во земји каде има присуство на Австриски осигурутелни групации. Австриските осигурителни компании како што се Vienna Insurance Group, Uniqa, Grawe, Merkur, се едни од најголемите инвеститори во осигурителниот сектор во земјите од регионот, вклучувајќи ја и Македонија.
Професорот Климе Попоски е член на Надзорниот Одбор на друштвото за осигурување Винер, која е дел од најголемата групација Vienna Insurance Group за Централна Источна и Југоисточна Европа.
Во прилог на ова соопштение можете да го прочитате интервјуто на германски јазик.