Прв циклус (дипломски)
Во градот на Словенскиот универзитет, нашиот Факултет постои повеќе од четири децении. Факултетот за туризам и угостителство Ви нуди извонредни услови за стекнување на адекватни знаења од областа на услужните дејности кои се во силен подем во светската економија. Мирната и пријатна крајезерска средина во која се лоцирани Факултетот и Студентскиот дом се прилика кој ретко кој друг факултет може да Ви ја овозможи.
ЗОШТО ДА НЕ ИЗБЕРЕТЕ НАС:
- целосна имплементација на Болоњската декларација
- диплома со академски степен (Bachelor)
- студирање по Европски кредит трансфер систем (ЕКТС)
- меѓународна мобилност во наставниот процес
- стипендии за најдобрите студенти
- можност за студирање на рати
Доколку сме Вашиот избор, подготвени сме заедно да ја креираме Вашата професионална иднина.
Целосниот конкурс за упис на студенти на УКЛО можете да го погледнете ТУКА.
Дополнителниот конкурс за упис на студенти на УКЛО за втор уписен рок можете да го погледнете ТУКА.
Дополнителниот конкурс за упис на студенти на УКЛО за трет уписен рок можете да го погледнете ТУКА.
Дополнителниот конкурс за упис на студенти на УКЛО за четврт уписен рок можете да го погледнете ТУКА.
РЕЗУЛТАТИ:
Сите кандидати задолжително треба да пополнат електронска пријава пред започнувањето на уписните рокови. Електронското пријавување се врши на: http://upisi.uklo.edu.mk/.
Доколку имате проблеми со пополнувањето на електронската пријава можете да го погледнете УПАТСТВО.
Студиски насоки и квоти
Студиските насоки за прв циклус на студии можете детално да ги погледнете ТУКА.
Документи за пријавување и запишување
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.uklo.edu.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.
При пријавувањето за запишување на единиците на Универзитетот, кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
- Пријава за запишување
- Електронска пријава (од iKnow-системот)
- Оригинални свидетелства од сите класови
- Оригинално свидетелство за завршено средно образование
- Документ-диплома за положена државна матура
- Извод од матичната книга на родените
- Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
- Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти ги поднесуваат освен горните и документите назначени во глава III, точка 3
- Кандидатите кои конкурираат за запишување со завршено сродно високо или вишо образование поднесуваат соодветно уверение или диплома, а кандидатите во категоријата за паралелно студирање поднесувааат и соодветно уверение за статус на студент на сроден факултет, студиска група или насока
- Кандидатите кои конкурираат по глава II точка 2 став 3 алинеа 1 и 4 поднесуваат и документ од Агенцијата за вработување на РСМ дека се невработени
- Кандидатите кои конкурираат како странски државјани ги поднесуваат освен горните и документите назначени во глава V, точка 3 и 4
- Потврда за уплатени 300 денари на жиро сметка на факултетот – високата школа за манипулативни трошоци
- Потврда за уплатени 50 денари за административна такса
Напомена: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите пред пријавувањето, да направат преписи од документите за своите потреби.
Напомена: Кандидатите при пријавувањето на единицата на Универзитетот доставуваат:
- документи од претходното образование во оригинална форма (овие документи времено се задржуваат на единицата, а потоа му се враќаат на
студентот), - незаверени копии од документите од претходното образование (што остануваат во досието на студентот).
При запишувањето во прва година на прв циклус судии, примените кандидати поднесуваат:
1. Индекс и студентска легитимација
2. Tри фотографии (2 – 3,5х4,5см. и 1 – 2х3см.)
3. Пријавни листови
4. Потврда за уплатени средства за партиципација или за кофинансирање на жиро сметката на соодветната единица на Универзитетот.
- државна квота 6150 денари
- кофинансирање 12300 денари
5. Уплата на рата за учебници
- Туризам 3200 денари
- ГИД 3200
- Хотелско ресторанска 3200
- Осигурување 2400
- Царина и шпедиција 4000
- МУС 2400
6. Потврда за уплатени 200 денари наменски средства за културно-уметнички потреби на студентите, банка НБРСМ на трезорска сметка 100000000063095, сметка на буџетски корисник: 160010509678867, ЕДБ: 4002979132007, Приходно конто 723012, програма 42
7. Потврда за уплатени 300 денари за студентски гласила и за други потреби на студентите во наставно-образовниот процес, банка НБРСМ на трезорска сметка 100000000063095, сметка на буџетски корисник: 160010509678848, ЕДБ: 4002979132007, Приходно конто 723012, програма 42
8. Потврда за уплатени 1000 денари за тековни и развојни трошоци на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, банка – НБРСМ на трезорска
сметка: 100000000063095, сметка на буџетски корисник: 160010509678814, ЕДБ: 4002979132007, Приходно конто: 723012 Програма 42
9. Потврда за уплатени 1080 денари за обрасци
10. Потврда за уплатени 600 денари за книжен фонд и тетратки