Почетна/Студенти/Уписи/Втор циклус (магистерски)

Втор циклус (последипломски)

Во градот на Словенскиот универзитет, нашиот Факултет постои повеќе од четири децении. Факултетот за туризам и угостителство Ви нуди извонредни услови за стекнување на адекватни знаења од областа на услужните дејности кои се во силен подем во светската економија. Мирната и пријатна крајезерска средина во која се лоцирани Факултетот и Студентскиот дом се прилика кој ретко кој друг факултет може да Ви ја овозможи.

ЗОШТО ДА НЕ ИЗБЕРЕТЕ НАС:

  • целосна имплементација на Болоњската декларација
  • диплома со академски степен (Bachelor)
  • студирање по Европски кредит трансфер систем (ЕКТС)
  • меѓународна мобилност во наставниот процес
  • стипендии за најдобрите студенти
  • можност за студирање на рати

Доколку сме Вашиот избор, подготвени сме заедно да ја креираме Вашата професионална иднина.

Целосниот конкурс за упис на студенти на УКЛО можете да го погледнете ТУКА.

Уписни рокови

Сите кандидати задолжително треба да пополнат електронска пријава пред започнувањето на уписните рокови. Електронското пријавување се врши на: http://upisi.uklo.edu.mk/.

Студиски насоки и квоти

Студиските насоки за втор циклус на студии можете детално да ги погледнете ТУКА.

Документи за пријавување и запишување

При пријавувањето на соодветниот факултет кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

  1. Пријавен лист за запишување
  2. Диплома или Уверение за завршени додипломски, односно прв циклус студии (кандидатите кои завршиле во странство доставуваат нострифицирана странска Диплома) – оригинални документи или заверена фотокопија од истите
  3. Кратка биографија (CV)
  4. Уверение за државјанство
  5. Документација: ХИВ тест и тест за Хепатит Ц (за странски студенти)
  6. Потврда за уплатени 300 денари на жиро сметка на факултетот – високата школа за манипулативни трошоци
  7. Други документи по барање на единицата поврзани со условите за упис

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат и:

  1. Индекс и Пријавни листови
  2. 2 фотографии (3,5 х 4,5 на бела позадина)
  3. Потврда за уплатен износ за кофинансирање за првиот семестар