СТУДЕНТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕКОНОМИЈА И БИЗНИС ВО УСЛУЖНИТЕ ДЕЈНОСТИ
Центар за научно истражувачка работа при Факултет за туризам и угостителство Охрид, во соработка со Факултетското студентско собрание е организатор на СТУДЕНТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕКОНОМИЈА И БИЗНИС ВО УСЛУЖНИТЕ ДЕЈНОСТИ
(Student Conference on Services Economy and Business – SERVECO)
ФТУ Охрид, 22 МАЈ 2023
За конференцијата
Услужниот сектор е исклучително значаен за светскиот и националниот економскиот раст и развој. Генерира милиони вработување, значително придонесува во БДП, ги поттикнува иновациите и продуктивноста. За илустрација услугите сочинуваат околу 70% од глобалниот БДП и секторот вработува околу 43% од глобалната работна сила. Современите бизниси користат нови технологии и процеси за да ја подобрат ефикасноста и да обезбедат услуги со примена софистицирани знаења за кои се потребни висококвалификувани работници.
Целите на студентската конференција се насочени кон:
- Истражување и нови знаења: Поттикнување на студентите да спроведат истражување за да стекнат подлабоко разбирање за услужниот сектор, неговите предизвици и можности и креирање форум за презентација на меѓусебните идеи.
- Вмрежување: Можности за меѓусебно вмрежување на студентите и нивно поврзување со професионалци и истражувачи од секторот за да се согледаат потенцијалните можности за кариера.
- Подобрување на вештините за презентација: Развивање презентациски вештини, преку стекнување искуство во презентирање на трудовите, одговарање на прашања и комуникација со публика.
- Поттикнување на иновациите: Развој на иновативни идеи и решенија за услужниот сектор, што ќе доведе до нови производи, услуги или деловни модели.
ТЕМИ
- Туризам и угостителство
- Хотелско-ресторански менаџмент
- Осигурување
- Гастрономија
- Финансии
- Менаџмент со ризик
- Царина и шпедиција
- Меѓународна трговија
МОЖНОСТИ ЗА ОБЈАВУВАЊЕ
- Трудовите ќе бидат објавени во
- Зборник на трудови – СЕРВЕКО
- Секој труд ќе има свој DOI број
ВАЖНИ ДАТУМИ
15.05.2023 Поднесување трудови
22.05.2023 презентација на трудови (датум на конференција)
Подготовка и начин на поднесување на трудовите:
- Трудовите треба да се подготват според следниот ТЕМПЛЕЈТ и да се поднесат електронски на следната имејл адреса:
ОРГАНИЗАЦИСКИ ОДБОР:
- Д-р Снежана Дичевска
- Д-р Александар Трајков
- Д-р Бојан Србиноски
- Д-р Данијела Милошоска
- Д-р Вера Караџова
- Д-р Ангела Паскуале
- Фани Милошева
