Почетна/Студии/Прв Циклус/Менаџмент во услужен сектор

Менаџмент во услужен сектор

Времетраење на студиската програма: 4 години

ЕКТС кредити: 240

Титула: Дипломиран менаџер во услужен сектор

Цели на студиската програма

Крајот на 20-от и почетокот на 21-от век донесуваат суштински промени во современата економија и во современите општества воопшто. Амбиентот во кој се одвиваат економските, политичките, културните, како и сите останати општествени активности значително се измени. Во економијата се појавува нов термин Нова економија, со кој се изразуваат новите условии новите суштински промени во современата економија. Терминот Нова економија се појавува во почетокот на 80-те година на 20-от век и се користи за дескрипција на економијата која во најголем степен се базира на сферата на услугите и развојот на услужниот сектор. Покасно, кон крајот на 90-те години, овој термин се користии за означување и на високо технолошката економија со познатите синоними: информатичка економија, дигитална економија и економија на знаење. Денес овој термин се употребува во двете значења.

Услужниот сектор во современиот општествено-економски амбиент во развиените земји, се афирмира како темелен двигател на целокупниот општествен и економски развој. Запосленоста во овој сектор расте, особено во оние услуги базирани на знаење, додека во секторите индустрија и земјоделство континуирано опаѓа. Поради тоа, често економијата на развиените земји денес се нарекува и “услужна економија”, а нивните општества “услужни општества”. Речиси во сите овие економии услужниот сектор учествува со две третини во нивниот бруто општествен производ. Слични тенденции се јавуваат и во помалку развиените економии, поради глобалниот карактер на современото стопанисување. Ваквиот тренд е резултат на повеќе фактори: општиот просперитет и зголемувањето на животниот стандард на населението во втората половина на 20-от век, промената во начините и стилот на живеење, развојот на нови производи и услуги, развојот на еколошката свест на населението, развојот на културната свест на населението, развојот на нови градови и региони, глобализацијата на работењето, зголемената меѓународна мобилност и патувања на светското население.

Токму поради овие причини, свесни за недостигот и потребата на едуциран кадар во услужниот сектор во Република Македонија и во функција на градење на услужен сектор базиран на знаење, ние на Факултетот за туризам во Охрид, како најстара високо образовна институција во Република Македонија која нуди студиски програми во овој сектор (Туризам, Хотелски менаџмент, Осигурување, Царина, Шпедиција), се одлучивме да понудиме една нова студиска програма под наслов Менаџмент во услужен сектор со нови три модули: Логистички менаџментМенаџмент во култура и Промотивен менаџмент. Овие студиски програми би се изучувале за прв пат на нашите универзитети, а потребата за овие кадри е неоспорна и неопходна.

Резултати од учењето (специфични дескриптори на квалификации)

модул – Промотивен менаџмент

знаења и разбирање

  • Студентите се стекнуваат со знаења од полето на промотивниот менаџмент врз основа на претходно стекнато образование и обука како основа за натамошно теоретско и практично надградување од ова научно поле. Студиската програма е во функција на користење на современи методи во работните активности особено за осознавање на новите научни резултати и нивна имплементација како апликативни решенија. Промоцијата, преку нејзините форми, ги прави услугите видливи на пазарот, ги доближува до постојаните и потенцијалните потрошувачи. Сe позасилениот развој на селективната побарувачка и поставува задача на промоцијата да изградува и одржува позитивен имиџ на услугите и да создава лојалност на потрошувачите кон нив. На тој начин носителите на услуги можат да остварат конкурентност при продажба на нивните услуги. Ефикасноста од пласманот на услугите е условен од ефикасноста и ефективноста на промотивните активности. Оттука, менаџирањето на промоцијата е клучен фактор за успешно пазарно позиционирање на услугите. Тоа подразбира планирање, насочување и координирање на поодделните промотивни форми во насока кон развивање ефективна промотивна програма.

примена на знаењето и разбирањето

  • По завршувањето на првиот циклус студии по Менаџмент на услужен сектор -модул Промотивен менаџмент, студентите се стекнуваат со знаења и вештини за интегрирање на промотивните активности во ефективна програма, способности кои ќе можат да ги применат во својата професија на најдобар професионален начин. Со едукација на студиската програма од овај модул студентите се стекнуваат со современи знаења за бројните промени во различни сфери од потесното и поширокото окружување кои доведоа до експанзија на услугите и услужните дејности кои се потврдуваат како основен двигател на економскиот развој на секое стопанство. Ваквите трендови предизвикаат развој на пазарот на услуги во високо конкурентен пазар во рамките на кој промотивните активности, кои ги спроведуваат носителите на поодделните услуги, добиваат исклучително значење за успешен пласман на услугите на пазарот.

способност за проценка

  • Знаењата од студиската програма по Менаџмент на услужен сектор – модул Промотивен менаџмент, им овозможува на студентите стекнување способност за прибирање, анализа и оценка на информациите, како појдовна основа за поставување нови концепти и промовирање идеи. Ваквата улога на промоцијата произлегува од карактерот на услугите кои се фундаментално различни од физичкиот производ. Имено, услугите можат да се определат како различни активности кои по својот карактер се спој на нематеријални и неопипливи перформанси кои не се врзуваат за нечија сопственост и настануваат во моментот на нивното извршување. Услугите не можат да се изложат на пазарот. Потрошувачите можат да се запознаат со услугите единствено преку формите на промоција кои носителите на услуги ги вршат. Студентите се стекнуваат со способност за набљудување на маркетинг процесите и идентификување на релевантните информации, неопходни за управување со овие процеси. Исто така, стекнуваат способност за анализа и интерпретација на добиените податоци и нивна примена во насока на унапредување на промотивните активности.

комуникациски вештини

  • Студиската програма по Менаџмент на услужен сектор – модул Промотивен менаџмент ги едуцира студентите ефективно и ефикасно да комуницираат со пазарот и успешно да одговорат на различни ситуации и проблеми на сите нивоа на комуницирање. Тоа подразбира аналитичко и критичко размислување, претприемчивост и преземање на ризик, систематичност во одвивање на активностите, способност за планирање, способност за донесување одлуки. Програмата овозможува креирање способност за тимска работа, иницира дискусии и способност за успешна презентација на добиените резултати од спроведените истражувачки проекти.

вештини на учење

  • Едукацијата на студентите на наставната програма Менаџмент на услужен сектор – модул Промотивен менаџмент подразбира нивно оспособување за преземање иницијатива за идентификување на потребите за понатамошно професионално унапредување во нивната професија, преку следење на промените и современите трендови во промотивните активности, како и најновите сознанија во промотивните истражувања. Развива вештини за учење, читање, меморирање, слушање и способност за критичка оцена напрезентираните идеи.

модул – Логистички менаџмент

знаења и разбирање

  • Модулот Логистички менаџмент има за цел да даде знаење за суштинските методологии, методи и средства и да развие способности кај студентите да решаваат практични задачи од областа на управување со логистичките дејности на различни нивоа во компаниската хиерархија и надвор од неа. Во фокусот на едукацијата ќе бидат концепциите за управување со логистичките дејности во услужниот сектор. Со тоа модулот Логистички менаџмент ги обезбедува студентите со неопходната основа за успешно логистичко менаџирање на процесите во услужниот сектор.

примена на знаењето и разбирањето

  • По завршувањето на курсот Менаџмент во услужен сектор, модул Логистички менаџмент, студентите се стекнуваат со знаења и вештини особено од областа на логистички менаџмент во услужниот сектор. Студентите ќе може успешно да развиваат кариера во менаџментот на набавките, логистичките преговори, транспортот, дистрибуцијата, логистиката, оперативниот менаџмент и контрола на процесите во институциите и компаниите од услужен карактер.

способност за проценка

  • Модулот Логистички менаџмент ги оспособува студентите за прибирање, анализа, контрола и оценка на информациите, како појдовна база за носење правилни одлуки во доменот на управување со логистичките дејности, со цел компетитивно, ефикасно и ефективно работење на компаниите и институциите во услужната економија во Република Македонија.

комуникациски вештини

  • Студиската програма Менаџмент во услужен сектор, модул Логистички менаџмент обезбедува студенти со поседување на високи комуникациски вештини како во внатрешното окружување, така и во надворешното окружување, особено во комуникацијата со сите учесници во логистичкиот процес како целина.

вештини на учење

  • Со едукација на модулот Логистички менаџмент студентите се подготвени да ја осознаат потребата од перманентно и континуирано усовршување во својата професија преку следење на развојните тенденции на логистичкиотменаџмент и услужниот сектор на соодветни форуми, конференции, семинари и научно – истражувачки проекти.

 

модул – Менаџмент во културата

знаења и разбирање

  • Студентите завршени на студиската програма “Менаџмент во услужниот сектор” на модулот “Менаџмент во културата” ќе се стекнат со знаења од подрачјето на Организациските науки и управување (менаџмент) (5.06), според Националната класификација на полиња, подрачја и дисциплини и дополнетите класификации на ОЕЦД од 2002 година и 2007 година во научните подрачја: Други општествени науки (5.4); односно во дополнетата класификација на ОЕЦД од 2007 во научното подрачје: Социо – економска географија (5.7), во научната област – дисциплина: културна и економска географија. На тој начин студентите од оваа студиска програма ќе се стекнуваат со знаења од една релативно нова област во системот на општествени науки, создадена со спојувањето на менаџментот, културата и развојот. Со нивните знаења ќе бидат во состојба да ги разберат процесите кои се случуваат во еден простор кои се поврзани со културните и природните ресурси и нивното користење во функција на одржливиот развој. Студентите на модулот “Менаџмент во културата” ќе имаат пристап до најновите теории и методологии за конверзија на вредностите (културни во економски) во функција на развојот кај таканаречените културни пејзажи (урбани и рурални) според најновите критериуми на УНЕСКО и ОЕЦД.

примена на знаењето и разбирањето

  • Студентите завршени на овој модул ќе бидат способни да планираат и реализираат развој во макро и микро рамки. Со својот професионален ангажман на макро или регионално ниво, ќе бидат во состојба да ги диференцираат развојните потенцијали на ресурсите како култура и природа кои можат да бидат од витално значење на просторот, посебно кај недоволно развиените региони. На микро ниво, нивните знаења ќе бидат основа за започнување на сопствен бизнис со валоризација на јавните добра (културно наследство, природно наследство) и со други културни категории како традиција, стари занаети, исхрана. Со тоа многу од скриените можности на просторот би добиле вистинска економска вредност, а би биле решавани и проблеми со финансирањето на заштитата на културните и природните вредности со посредство на приватни иницијативи и финансии. Важен дел во финансирањето на културните и природните добра претставуваат меѓународните програми во културата, па затоа студентите ќе можат да ги применат своите знаења аплицирајќи на бројните меѓународни програми.

способност за проценка

  • Студентите ќе можат самостојно да донесуваат процени за развојните потенцијали на еден простор базиран врз концептот на одржливост кој ги сумира, а не ги спротивставува личните, општествените, научните и етичките концепти. Обезбедениот мултидисциплинарен пристап во модулот и студиската програма во целост, ќе ја развие способноста на студентите за донесување на одлуки, базирани врз добри процени и лидерство за да тие одлуки се спроведат во праксата.

комуникациски вештини

  • Со деловите посветени на комуникациите и комуницирањето студентите ќе добијат способности за квалитетно оценување и ефективно презентирање на идеите и концептите на различните нивоа на организирање на секторот култура на национално и меѓународно ниво. Бидејќи се работи за нова област во светски рамки, студентите ќе бидат способни своите иновативни предлози и решенија да ги споделат со стручната и со нестручната јавност за да иницираат решавање на проблемите во развојот на еден конкретен простор.

вештини на учење

  • Студентите кои своите знаења ќе ги стекнат на една нова студиска програма поврзана со менаџментот, културата и развојот, ќе бидат оспособени да ги слеат промените во оваа сфера и на тој начин да бараат нови сознанија и решенија за проблемите на развојот на еден простор базиран на културните и природните ресурси. Сето тоа ќе биде направено со следење на најновите сознанија од врвните светски универзитети, пионери во изучувањето на влијанието на културата врз развојот на градовите и регионите.