Почетна/Студии/Трет Циклус/Туризам – Докторски

Туризам – Докторски

Студиската програма Туризaм профилира високоедуцирани и стручни кадри оспособени за водење на клучни бизнис активности во туризмот и кои ќе можат да се справат со предизвиците на современите туристички процеси преку користење современи методи во работните активности, осознавање на новите научни резултати и нивна имплементација како апликативни решенија.

Студиската програма Туризам на трет циклус универзитетски студии е формирана во 2013 година, врз основа на Одлука од Наставно-научниот совет на Факултетот за туризам и угостителствоа врз основа на Одлука за усвојување на студиската програма од страна на Сенатот на Универзитетот Св. Климент Охридски -Битола бр. 07-1226/4 од 12.9.2012 година и врз основа на добиена акредитација од Одборот за акредитација со решение бр. 12-314/3 од 6.3.2013 година, како и решението за работа од Министерството за образование  и наука бр. 13-8311/4, од 12.8.2013 год. Студиската програма Туризам е два пати реакредитирана во 2016 година (Одбор за акредитација и евалуација на високо образование, решение бр. 1409-58/ од 20.5.2016) и 2019 година (Одбор за акредитација и евалуација на високо образование, решение бр. 1409-58/4 од 3.6.2019). Реализација на студиската програма започнува од учебната 2013/14 година. Согласно меѓународната Фраскатиева класификација, студиската програма припаѓа на научното подрачје Општествени науки 5 научното поле Туризам и угостителство 5.14 и областа Туризам 51419. Звање што студентот го добива по завршувањето на студиската програма е доктор на науки од областа на туризмот. Почетокот со работа на студиската програма Туризам беше со 12 акредитирани ментори. Број на студенти што се планира да се запишат на студиската програма е во зависност од бројот на акредитирани ментори за трет циклус студии. На студиската програма Туризам во 2019 година се акредитирани 26 ментори.

Студентите кои ќе дипломираат на докторски студии добиваат назив Доктор на науки од областа на туризмот.
Во прилог е даден целосниот Елаборат за докторски студии за студиската програма Туризам.

Елаборат 2016

Елаборат 2019