Свечен час на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид 01.10.2020

Свечен час на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид 01.10.2020

Почитувани бруцоши,
Ве информираме дека свечениот час за академската 2020/2021 година ќе се одржи на западниот дел од дворот на Црквата Св. Софија, делот во кој се организраат театарски претстави од Охридско Лето. Почетокот на свечениот час е закажан на 01.10.2020 во 12:00 часот. За успешно организирање на часот, Ве молиме да пристигнете најмалку 15 минути порано.
На свечениот час до присутните ќе се обратат: Продеканот за наставата Проф. д-р Александар Трајков, Деканот на Факултетот за туризам и угостителство – Проф. д-р Цветко Андреески и Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Проф. д-р Сашо Коруновски.
Го очекуваме Вашето присуство.