СВЕЧЕНО ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ПО ОБЈАВЕНИОТ КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР ИСТРАЖУВАЧКИ ТРУД И ЕСЕЈ ОД ОБЛАСТА НА ОСИГУРУВАЊЕТО

СВЕЧЕНО ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ПО ОБЈАВЕНИОТ КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР ИСТРАЖУВАЧКИ ТРУД И ЕСЕЈ ОД ОБЛАСТА НА ОСИГУРУВАЊЕТО

Денес, во преубавиот амбиент на црквата Св. Софија во Охрид беа доделени наградите за најдобар истражувачки труд и есеј од областа на осигурувањето на студентите од насоката
Осигурување од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, а врз основа на конкурсот што го распиша Факултетот во соработка со брокерско осигурителното друштво СН Брокер Битола.
На свечената манифестација пред наградените студенти свое обраќање имаа Деканот на ФТУ, проф. д-р Цветко Андреески, продеканот за настава Проф. д-р Александар Трајков, раководителот на насоката Осигурување Проф. д-р Вера Караџова и Марија Илкоска, претставник на СН Брокер Битола, кои воедно ги доделија и наградите. Беше поздравена иницијативата на СН Брокер, како компанија со докажана општествена одговорност, за поддршка на научната мисла и академската заедница, промоција на значењето на осигурувањето како стопанска дејност и поддршка на работата на студентите од насоката Осигурување при ФТУ преку валоризација на нивниот труд и покажани резултати од реализираните истражувања.
СН Брокер Битола обезбеди плакети и стимулативни парични награди за најдобрите трудови.
Наградата од 20000 денари за истражувачки труд беше доделена на Виктор Жупаноски, студент од 4 година, за трудот под наслов: Дигиталната технологија како фактор за развојот на дистрибутивните канали во осигурувањето. Наградата од 10000 денари за истражувачки труд беше доделена на Фортуна Муртезаи, студент од 4 година, за трудот насловен како: Осигурување од поплави. Наградите за трудовите за најдобар есеј од областа на осигурувањето беа доделени на: Емилија Тодоровска, студент од прва година, наградена со 3000 денари; Дарко Наумоски, студент од прва година, награден со 5000 денари; Дијана Симуноска, студент од четврта година, наградена со 10000 денари, а најдобриот есеј од областа на осигурувањето го направи Антонио Крстевски, студент од прва година, кој беше награден со 15000 денари.
СН Брокер и ФТУ Охрид најавија поинтензивна понатамошна соработка, во интерес на студентите и во насока на промоција на финансиско осигурителниот сектор во Македонија.



Кандидатите кои поднесле пријава за прв циклус на студии во вториот уписен рок треба да се запишат на 24.09.2021 година во просториите на ФТУ.

Повеќе информации на страницата на УПИСИ