Уписи на докторски студии

Во градот на Словенскиот универзитет, нашиот Факултет постои повеќе од четири децении. Факултетот за туризам и угостителство Ви нуди извонредни услови за стекнување на адекватни знаења од областа на услужните дејности кои се во силен подем во светската економија. Мирната и пријатна крајезерска средина во која се лоцирани Факултетот и Студентскиот дом се прилика кој ретко кој друг факултет може да Ви ја овозможи.

 

ЗОШТО ДА НЕ ИЗБЕРЕТЕ НАС:

  • целосна имплементација на Болоњската декларација
  • диплома со академски степен (Bachelor)
  • студирање по Европски кредит трансфер систем (ЕКТС)
  • меѓународна мобилност во наставниот процес
  • стипендии за најдобрите студенти
  • можност за студирање на рати

 

Доколку сме Вашиот избор, подготвени сме заедно да ја креираме Вашата професионална иднина.

Целосниот конкурс за упис на студенти на УКЛО можете да го погледнете ТУКА.

 

Уписни рокови

Сите кандидати задолжително треба да пополнат електронска пријава пред започнувањето на уписните рокови. Електронското пријавување се врши на: http://upisi.uklo.edu.mk/.

Активност Прв уписен рок Втор уписен рок Трет уписен рок
Пријавување на кандидатите 20.09. до 30.09.2021 25.10. до 01.11.2021
Запишување на кандидатите 18 и 19.09.2021 15 и 16.11.2021

 

Студиски насоки и квоти

Студиските насоки за втор циклус на студии можете детално да ги погледнете ТУКА.

Насока Број на студенти Износ на школарина (во евра) Износ на школарина (во евра) за странски студенти
Менаџмент во услужен сектор 22 4600 6500
Туризам 23 4600 6500

 

Документи за пријавување и запишување

При пријавувањето кандидатите поднесуваат:

  • Пополнет пријавен лист чијшто образец е подготвен од страна на единицата
    каде што се организира студиската програма
  • Мотивациско писмо за запишување на студиската програма
  • Кратка биографија со вкупните постигнувања на кандидатот
  • Потенцијална област на истражување и кратко образложение во коешто се
    дефинирани предметот и целите на потенцијалната област на истражување
  • Предлог за ментор од листата на објавени слободни акредитирани ментори на
    студиската програма со кој кандидатот преходно стапил во контакт, се
    консултирал за областа на истражување и од кој добил прелиминарна согласност
  • Диплома/уверение за завршен втор циклус студии, односно постдипломски
    студии (кандидатите кои завршиле во странство доставуваат нострифицирана
    странска Диплома) – оригинални документи или заверена фотокопија од истите
  • Диплома/уверение за завршен прв циклус студии, односно додипломски
    студии (кандидатите кои завршиле во странство доставуваат нострифицирана
    странска Диплома) – оригинални документи или заверена фотокопија од истите
  • Уверение за државјанство
  • Извод од матичната книга на родените
  • Медицинска документација(за странски студенти): ХИВ тест и тест за Хепатит
    Ц

 

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат и:

  1. Индекс и пријавни листови
  2. 2 фотографии (3,5 х 4,5 на бела позадина)
  3. Потврда за уплатена школарина за првиот семестар

 

Листа на акредитирани ментори за трет циклус ТУКА.

Кандидатите кои поднесле пријава за прв циклус на студии во вториот уписен рок треба да се запишат на 24.09.2021 година во просториите на ФТУ.

Повеќе информации на страницата на УПИСИ