Уписи на магистерски студии

Во градот на Словенскиот универзитет, нашиот Факултет постои повеќе од четири децении. Факултетот за туризам и угостителство Ви нуди извонредни услови за стекнување на адекватни знаења од областа на услужните дејности кои се во силен подем во светската економија. Мирната и пријатна крајезерска средина во која се лоцирани Факултетот и Студентскиот дом се прилика кој ретко кој друг факултет може да Ви ја овозможи.

 

ЗОШТО ДА НЕ ИЗБЕРЕТЕ НАС:

  • целосна имплементација на Болоњската декларација
  • диплома со академски степен (Bachelor)
  • студирање по Европски кредит трансфер систем (ЕКТС)
  • меѓународна мобилност во наставниот процес
  • стипендии за најдобрите студенти
  • можност за студирање на рати

 

Доколку сме Вашиот избор, подготвени сме заедно да ја креираме Вашата професионална иднина.

Целосниот конкурс за упис на студенти на УКЛО можете да го погледнете ТУКА.

 

Уписни рокови

Сите кандидати задолжително треба да пополнат електронска пријава пред започнувањето на уписните рокови. Електронското пријавување се врши на: http://upisi.uklo.edu.mk/.

Активност Прв уписен рок Втор уписен рок Трет уписен рок
Пријавување на кандидатите од 10.09.2019 до 23.09.2019 од 07.10.2019 до 15.10.2019
Запишување на кандидатите 01.10.2019 и 02.10.2019 24.10.2019 и 25.10.2019

 

Студиски насоки и квоти

Студиските насоки за втор циклус на студии можете детално да ги погледнете ТУКА.

Насока Број на студенти Износ по семестар Времетраење
Туризам 20 450 едногодишни
Осигурување 20 450 едногодишни
Царина и шпедиција 20 450 едногодишни
Царина и шпедиција (програма на англиски јазик) 10 600 едногодишни

 

Документи за пријавување и запишување

При пријавувањето на соодветниот факултет кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

  1. Пријавен лист за запишување
  2. Диплома или Уверение за завршени додипломски, односно прв циклус студии (кандидатите кои завршиле во странство доставуваат нострифицирана странска Диплома) – оригинални документи или заверена фотокопија од истите
  3. Кратка биографија (CV)
  4. Уверение за државјанство
  5. Документација: ХИВ тест и тест за Хепатит Ц (за странски студенти)
  6. Потврда за уплатени 300 денари на жиро сметка на факултетот – високата школа за манипулативни трошоци
  7. Други документи по барање на единицата поврзани со условите за упис

 

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат и:

  1. Индекс и Пријавни листови
  2. 2 фотографии (3,5 х 4,5 на бела позадина)
  3. Потврда за уплатен износ за кофинансирање за првиот семестар