ВТОРА ПОСЕТА НА СТУДЕНТИ ОД РУСКАТА ЦАРИНСКА АКАДЕМИЈА

ВТОРА ПОСЕТА НА СТУДЕНТИ ОД РУСКАТА ЦАРИНСКА АКАДЕМИЈА

Во рамките на соработката помеѓу Факултетот за туризам и угостителство и Руската Царинска Академија од Москва, во периодот од 17 до 28 јуни 2019 студенти од Руската Царинска Академија ќе ја реализираат својата практична работа по царинско и шпедитерско работење што е организирана од Факултетот за туризам и угостителство во соработка со Царинската Управа.
Оваа година по втор пат престојуваат 8 студенти  кои на првиот ден од нивната практична работа го  посетија граничниот премин Меџитлија придружувани од проф.др. Екатерина Двоинина и проф.др.Иванка Нестороска, каде имаа можност да се запознаат со  практични аспекти на царинското работење.
Во текот на престојот организирани се посети на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, царински испостави, шпедитерски компании и предавања на ФТУ.