Зошто ФТУ?

За ФТУ Охрид

  • Половина век традиција во високото образование
  • Дел од УКЛО – втор најстар државен универзитет во Македонија
  • 34 професори, доктори на науки од соодветните области на студирање
  • Извонредни услови за студирање (современо опремени предавални, амфитеатар, кујна и бифе, библиотека, компјутерска училница, учебници и учебни помагала)

 

Студиски програми

  • Атрактивни и модерни студиски програми од делот на услужниот сектор (Според СБ услугите чинат повеќе од 65% од светскиот БДП. Во Македонија повеќе од половина од БДП отпаѓа на услугите. Повеќе од 51% од вработувањата во светот се во делот на услугите. Во Македонија повеќе од 54%)
    • Студиски програми од делот на Туризмот
      • Туризам
      • Хотелско – ресторански менаџмент
      • Гастрономија
    • Студиски програми од делот на Менаџмент (органиациски науки)
      • Царина и шпедиција
      • Осигурување
      • Менаџмент во услужен сектор:
        • Финансиско работење
        • Промотивен менаџмент
        • Логистички менаџмент
        • Менаџмент во кулутира
      • Акредитирани и меѓународно признати студиски програми (секоја студиска програма е акредитирана од Одборот за акредитација на РСМ и има добиено Решени за работа од Министерството за образование и наука
      • Академски студии со 240 ЕКТС
        • Можност за вработувања во приватен и државен сектор без ограничувања во можностите за напредувања во професијата
        • Можност за продолжување на образованието на магистерски и докторски студии
      • Задолжителна студентска пракса во секоја студиска година
      • Клиничка настава (професионалци од соодветни професии држат предавања и споделуваат практични искуства во соодветната област на студирање)
      • Минимална партиципација во државната и приватната квота на студирање (државата ги покрива најголемиот дел од трошоците за студирање)
      • Добивање на звања кои ќе бидат поврзани со новата национална рамка на квалификации

 

Стипендии

  • Користење на државни стипендии и државни кредити (овие стипендии и кредити ги покриваат сите трошоци за студирање и оставаат можност студентите да имаат дополнителни финансиски средства што ќе ги користат за останати потреби во текот на студиите)
  • Користење на општински стипендии
  • Користење на стипендии од бизнис заедницата (ФТУ во соработка со дел од бизнис заедницата обезбедува стипендии за студенти на одредени студиски програми од факултетот)
  • Користење европски стипендии (ЕРАЗМУС и ЦЕЕПУС) за студиски престои во странски факултети со кои ФТУ има потпишано договор за соработка
  • Универзитетски стипендии (најдобрите 10 рангирани студенти при уписите се ослободени од плаќање партиципација за привиот семестар на студии)

 

Можности во текот на студирање

ФТУ директно инверстира во образованите на секој студент преку:

  • Платена студентска пракса
  • Покриени трошоци за учество на меѓународни школи и истражувачки кампови
  • Покриени трошоци за учество на Меѓународниот летен балкански универзитет што секоја година го организираат ФТУ Охрид и Европскиот институт ЦИФЕ од Ница, Франција (со 4,5 ЕКТС)
  • Покриени трошоци за студиски престој на странски факултети и универзитети со кои ФТУ има потпишано договори за соработка (бесплатно студирање во Франција, Италија, Германија, Хрватска, Бугарија, Унгарија, Србија и други европски земји)
  • Учества на факултетски и универзитетски проекти и обуки што овозможуваат професионално усовршување и можност за заработка

 

Можности по завршување на студиите

  • Вработувања во приватни компании од делот на туризмот (хотели, ресторани, туристички агенции), шпедиции, осигурителни компании, банки и други финансиски инстутуции, производствени компании кои се занимаваат со надворешна трговија, транспортно логистички компании и други бизнис организации
  • Вработувања во јавни и државни претпријатија (Царинска управа, Министерства и владини институции и агенции, други јавни и други државни претпријатија)
  • Отварање сопствени бизнис и можност за користење на одредени ресурси на факултетот (консултации и услуги) како алумни на ФТУ
  • Можност за продолжување на магистерски и докторски студии (ФТУ има акредитирани студиски програми во сите циклуси на образование и нуди можност за добивање на научни звања Магистер и Доктор на науки од соодветните области)
  • Можност за занимавање со наука и вработувања на факултети и универзитети од соодветни области
  • Добивање сертификати за курсеви од доживотно учење (Сертификат за раководител со туристичка агенција, Уверение за туристички водич, Уверение за туристички придружник, Референт за логистика)