Крводарителска акција Црвен Крст – ФТУ на 17.12.2020

Почитувани,

Ве информираме дека на ден 17.12.2020 ќе се одржи крводарителска акција во просториите на Службата за трансфузиона медицина-Охрид која е предвидена во годишниот календар и која традиционално  ја организираме во соработка со ФТУ.

Поради моменталната ситуација со ковид-19, оваа година се одлучи крводарителската акција да се одржи во Службата наместо во просториите на Факултетот.

Крводарувањето ќе започне од 08:30 и ќе трае до 12:30 часот.

Со почит,

Црвен Крст – Охрид