Почитувани,
Ве известуваме дека на ден 26.02.2021 во 17:00 часот на платформата Google Meet свое предавање ќе одржи поранешниот директор на Царинска Управа на Република Северна Македонија, М-р Ѓоко Танасоски на тема: „Новитетите и модернизацијата во Царината-чекори кон современо царинско работење“. Настанот е организиран од страна на Факултетското студентско собрание на Факултетот за туризам и угостителство-Охрид во соработка со координаторот на насоката Царина и Шпедиција,Проф. Д-р Иванка Нестороска и редовниот професор,Проф. Д-р Јованка Билјан. Координатор на настанот е Илина Бабеска,студент на насоката Царина и Шпедиција на Факултетот за туризам и угостителство-Охрид. Секое Ваше присуство е добредојдено. Ве очекуваме на следниот линк: meet.google.com/fxr-bwtr-nyj
Линк од настанот на Facebook: Онлајн предавање: Новитетите и модернизацијата во Царината-чекори кон современо царинско работење. <www.facebook.com/events/783809512230197>